Македонија

ГДУ: Денот на Македонската Револуционерна Борба е потсетник за еден сон

„Денот на Македонската Револуционерна Борба е потсетник за еден сон, сон кој го гледаме безмалку на секоја стара фотографија во нашите домови, сон упорно сонуван од генерации пред нас. Имаме обврска да си спомнеме за тие сонувачи, за знајните и незнајните кои упорно, со генерации веруваа во слободата, во правдата, во Независна Македонија.

Посакувам и ние денеска со истиот жар да веруваме во слободата, да се бориме за правдата и да ја сакаме Независна Македонија. Посакувам да ја имаме таа енергија која секому од нас му дава сила да ги води своите борби. Ви посакувам секогаш да победувате во борбите,да го совладувате секој предизвик во животот и нека ни е честит Денот на Македонската Револуционерна Борба“, се вели во соопштението на Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток