„Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина сакаме да го вратиме општеството на вистинскиот колосек пред портите на ЕУ и НАТО. Моите омилени колумнисти и новинари се фокусирани на исклучувањата на членови на ВМРО-ДПМНЕ како одраз на едно неподносливо отсуство на демократски капацитет за поинакво, различно мислење. Исклучувањата во сегашната опозиција се направија со еден единствен состанок на Извршен во еден ден“, се огласи на Фејсбук Софија Куновска.
Мал придонес во борбата за европски вредностиНемаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот…
Posted by Софија Куновска on Monday, October 22, 2018
„По тој повод не знам дали смеам да потсетам а да не бидам анатемисана, дека и СДСМ не е вакцинирана од истатата појава но единсвената разлика е што дејствува само малку поелегантно. Но навистина, многу малку поелегантно. При десетици живи сведоци, жртви на елиминација, највисокото раководство на СДСМ не се либи да го критикува својот политички конкурент за нетолеранција кон инакумислечките.
И ако случајно некој се прашува, тоа е одговорот зошто во првите редови недостигаат многу умни и искусни борци, пред се личности, од редовите на СДСМ. И нека не знам многу за нив, иако знам, но за себе сигурно знам, дека различното мислење во два-три наврати, “скапо” го платив.
Мојата реакција за прославата на една приватна компанија во новиот стар театар за што челниците на СДСМ се правдаа со партиско соопштение , спротиставувањето да гласам за Чавков да биде дополнителен министер за внатрешни во Пржинската влада, несогласувањето Лиле ДОМ да биде дел од пратеничките листи, беа доволна причина за моја елегантна елиминација. Промената на Статутот на партијата за да може “шефот” да именува локални претседатели на општински организации (а не како порано да бидат избирани од членството на соодветна конференција), познато како ВМРОИЗАЦИЈА на СДСМ е уште пострашна приказна за која исто така не пропуштив жестоко да реагирам. Контрареакциите беа еднакво брутални како овие во ДПМНЕ.
Па мислете си вие дека е нешто различно ваму или таму.
И да се разбереме, не жалам за ниту една своја постапка и не се жалам што денес сум надвор од играта. Моите различни ставови беа свесно изразени и подготвена бев за “цената“ затоа што верував и верувам во прогрес на нашата држава доколку неа ја водат луѓе со интегритет, храброст и верба во вредности. Во спротивно го имаме ова што го имаме.
А кога сме кај Скопје 2014 и гласањето на Канческа за отворање на постапката за измена на Уставот, пристојно е сите ние да се запрашаме дали со ова е легализирана најголемата идеолошка пералница на народните пари.
Смеам ли јавно да го запрашам премиерот на РМ дали е подготвен бројчаникот на Триумфалната капија да го стартува од минус една милијарда или и тој и неговите лојалисти и понатаму немушто ќе не убедуваат дека гласањето нема да го загрози владеењето на правото и борбата против корупцијата, како европски вредности?
Не за друго, туку просто боли тоа Скопје 2014 затоа што заради него прскокнувавме полициски барикади, бев една од нагласните или највокалните, верно ги бранев ставовите на мојата партија, се изложив на многу непријаности од тогашниот режим кој цутеше во својот зенит, вложив многу енергија и во Советот на Град Скопје и во Собранието како пратеник, а денес сведочам на бришењето на задникот со сето тоа од страна на моите сопартијци.
Ниту оградата околу Влада не е помрдната а камо ли нешто повеќе. Толку од вредностите и заедничката борба, засега. Но, она што можеме веднаш и е здраво за сите нас, е со ист аршин да ги мериме работите на двете страни. И за демократски капацитет и за чесност и за принципиелност“, стои во објавата на Куновска.