Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин му порача на претседателот Стево Пендаровски дека како Србија ќе го решава проблемот со Косово не е тема со која тој треба да се занимава.
„Пендаровски малку го прашуваат за иднината на Северна Македоинија, ама би сакал да биде прашан за иднината на Србија. Како Србија ќе го реши својот внатрешен проблем не е тема за претседателот на Северна Македонија, нашиот јужен сосед. Ако идејата за разграничување е „грозна и недостојна за 21. век“, тогаш би можел да ги повлече признавањето на Косово од почетокот на 21. век или да ја осуди НАТО агресијата на СРЈ од крајот на 20. век која доведе до етничко чистење на Србите на Косово и Метохија“, изјави српскиот министер за одбрана Вулин коментирајќи ја изјавата на Пендаровски дека „идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина и незамислива“.