Македонија

СДСМ: Иванов е срам за демократијата

Во клучната недела за иднината на државата и нејзините граѓани, Ѓорге Иванов одлучи да не ја напушта својата идеја за изолација на Македонија. Тој е срам за демократијата, реагира СДСМ на изјавата на Иванов во Детроит дека актуелната Влада нема мандат од гласачите за промена на идентитетот, за откажување од дијаспората, за губење на историјата и паметењето.

„Очигледно е дека Иванов е навикнат да им предизвикува проблеми на сопствените граѓани, дури и на оние кои го гласаа. Последниот остаток од криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов е противник на демократијата, бидејќи ја спори најважната демократска алатка – гласањето. А, токму преку гласање и избори, Иванов стана претседател. Ставот на Иванов е срамно бегство од одговорност. За среќа на граѓаните, Иванов не е тој кој одлучува за иднината. Иванов е премал и премалку важен, граѓаните и нивната волја се тие кои се големината на Македонија, тие ќе ја донесат одлуката“, велат од СДСМ.


Иванов, додаваат од партијата, останува сам, заробен во сопствената идеја за изолација.

„Иванов, за жал, останува да биде лице кое сее омраза и кое ги дели граѓаните, претседател кој оди спротивно на волјата на граѓаните, претседател кој избран преку гласање, а денес има проблем со гласањето. Иванов е срам за демократијата“, велат од СДСМ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток