Македонија

Рангелова за ВМРО-ДПМНЕ: Ни треба разум и храброст, а не очај и паника

„Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме.
Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано!“, напиша пратеничката Даниела Рангелова на својот фејсбук профил.

https://www.facebook.com/236729489819716/posts/1154922164667106/

„Проевроатлански ориентирано а не изолирано!
Ни треба разум и храброст а не очај и паника!
Ни треба просветлување и чекорење напред а не прочистување!
Ни треба визија за иднината на партијата и државата а не страв од неочекуваното!
Ни треба зајакнување а не недоверба!
Ни треба слободна и демократска мисла а не едноумие и ретроградност!
Ни треба политичко делување а не послушност и сервилност!
Ни треба соочување и решавање на проблемите а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството!
Ни треба ПОБЕДА а не ПОРАЗ!
Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност!
Честит 23ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!“, додава таа во објавата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток