Во Полициската станица Валандово, вчера е добиена пријава дека на 21/22.10.2018 година во периодот од 12,00 до 08,00 часот непознат сторител извршил кражба во спортска обложувалница во с.Јосифово.
Сторителот насилно ја отворил влезната врата и одзел две куќишта за компјутер и мал сеф во кој имало околу 100.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.