Македонија

Богданов откако ВМРО-ДПМНЕ го исфрли: Раководството e промотор на национализмот

Поранешниот член на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Константин Богданов, преку својот фајсбук профил го честиташе денешниот празник.

Почитувани пријатели, најнапред сакам да го честитам денешниот празник Денот на македонската револуционерна борба, на…

Posted by Kostadin Bogdanov on Tuesday, October 23, 2018

Почитувани пријатели, најнапред сакам да го честитам денешниот празник Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Република Македонија. Ова е значаен ден во македонската историја со кој се одбележува вековната борба на македонскиот народ за самостојна, независна и просперитетна држава рамо до рамо со цивилизираните народи, која борба, но во друга форма продолжува и денес.

Во однос на театралната “катарза” од претходната вечер преку која ВМРО ДПМНЕ се реформира во нова антизападна партија, чувствувам за потребно да го кажам следното:
Моето политичко дејствување во раководоството на ВМРО ДПМНЕ беше со единствена цел: да изградиме модерна, демократска и европска партија која силно, со конкретни чекори ќе ја поддржи евроатлантската агенда на нашата држава. За жал, раководството на ВМРО ДПМНЕ е далеку, многу далеку од овој идеал. Напротив, раководството на партијата продолжи да биде промотор на антизападна националистичка реторика, која ги топли срцата на краток рок, но на среден и долг рок создава несогледливи последици врз општеството, граѓаните и иднината на државата.
Искрено верувам дека еден ден во ВМРО ДПМНЕ ќе дојде раководство кое ќе ја сфати пораката од предците, и суштината на нивната револуционерна борба која ја празнуваме денес“, напиша Богданов.

Константин Богданов е еден од реформаторите кои го поддржуваа влезот во ЕУ и НАТО, како и промената на името, и истиот вчера беше исклучен од партијата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток