По 53 дена престој на Одделот за неонатална интензивна нега во болницата Систина, Малата Искра која ја напушти болницата и конечно е дома. Искра дојде на свет на 9 април со родилна тежина од 1060 грама. За жал, нејзината близначка Ведрана со која беа предвреме родени почина.
По 13 дена од нивното раѓање кај Ведрана настанало влошување на состојбата, по направени бројни иследувања се поставила дијагозна – вродена аномалија на дебелото црево и сомнение за Цистична фиброза.
За Искра и Ведрана донираа многу граѓани од цела Македонија, а родителите се бескрајно благодарни за хуманоста.