Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека телото на Кашоги било „исечено“ и лицето му било „унаказено“.
Еден извор, пишува дописник на Скај њуз од Истанбул, рече дека остатоците од телото на убиениот новинар биле пронајдени во градината на куќа во Истанбул каде живее саудискиот конзул.
Кашоги е убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, на 2 октомври.
Скај Њуз оваа информација ја објави откако турскиот претседател Ердоган одржа говор во кој тврдеше дека Саудијците со денови го планирале убиството на Џамал Кашоги. Ердоган во говорот во кој ја вети „голата вистина“ за бруталното убиство тврдеше дека телото на убиениот новинар не е пронајдено.
„Зошто телото на некого за кого официјално е потврдено дека бил убиен, сè уште не е пронајдено?“ се запраша Ердоган во говорот што го одржа во турскиот парламент.