Македонија

Уапсени три лица кај кои бил пронајден кокаин

На 05.06.2019 година во 15.20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во просториите во кои престојувал П.Ц.(40) од Загреб, Република Хрватска, a со него биле затекнати и С.И.(25) од Тетово и Н.З.(28) од с.Вруток, гостиварско.

Притоа, на една од масите била пронајдена една најлонска кеса со кокаин, едно пластично шише од 0,5литри со непозната течност и други предмети со остатоци од кокаин.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во СВР Тетово, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток