Магазин

(ВИДЕО) Се појави видео на кое наводно Нејмар има вербална и физичка расправија со старлетата

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно Нејмар има вербална и физичка расправија со старлетата Најила Триндаде.

„Ќе те удрам, затоа што ти ме напдна вчера“ – се слуша како зборува девојката на видеото.

Со ова сагата околу случајот Нејмар и наводното силување доби ново продложение.

Според ова  Бразилецот Нејмар на крај може да заврши и зад решетки. Тој е обвинет од страна на старлетата Најила Триндаде Мендес де Соуза дека ја силувал во хотел во Париз, и веќе е испрашуван од бразилската полиција. Тој потоа во своја одбрана на социјалните мрежи го  објави разговорот со Најила и притоа ги прикажа нејзините разголени фотографии. Поради тоа, Нејмар се соочува со петгодишна затворска казна.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток