На денешната прослава на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Македонскиот Народен Театар свое обраќање имаше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски кој се обрати до пратениците кои гласаа во собранието за уставни измени.
„Во мојот живот мојот татко ме учеше дека достоинството и угледот се остава на потомците таков сум како човек и како политичар и тешко ми е кога некој се коцка со тоа. И јас сум само човек кој некогаш го совладуваат чувствата. „Црниот петок“ беше еден од најтешките денови во мојот живот, не само затоа што се изгласа во парламентот, туку затоа што во тоа учествуваа 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Сакам денес да се обратам до оние кои не останаа на висината на задачата, не издржаа вашите плеќи иако тврдевте дека на вашите плеќи се држи Македонија. Попуштивте иако знаевте дека сите патриоти од 27 април се тотално невини. Колку и да се замислувате и самоубедувате дека не потклекнавте, дека сте биле оние со визија, ке остане фактот дека со вашата крената рака само си ја свиткавте кичмата. Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на заев, со секое кревање рака срцето ми се кинеше. Колку и да се трудите нема да можете да погледенте на народот во очи ме изневеривте, и ја изневеривте вашата татковина Р.Македонија. Малку фалеше да издржите, Заев беше готов, вие само за малку му ја продолживте политичката кариера на Заев. Да издржевте ќе одевме на избори и ќе го победевме, нели сфативте дека беше готов. Ќе ги победевме коалицијата на Заев, Шекеринска, Вицето и Анѓушев и ќе добиевте фер судење. Обвинетите од 27 април ќе добиеа слобода и правдина. Вие не ми дадовте шанса да го победиме Заев ме потценивте, затоа ќе ве победиме и тоа на купче сите заедно“, им порача Мицкоски.
„Зарем е чесно да имате исти говори како оние СДСМ, на Бихачка ли ви ги пишуваат говорите? Зарем не ви е срам да прославувате вечерта“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.