Свет

(ФОТО) Уапсен поранешниот министер за образование на Република Српска,се сомничи дека подолго време сексуално злоупотребувал девојче

69 годишниот Ненад Сузиќ, поранешен министер за образование во Република Српска е уапсен под сомнеж дека подолго време сексуално злоупотребувал 11 годишно девојче.

Според тамошните медиуми, се работи за поранешен министер за одбразование, Ненад Сузиќ од Бања Лука, кој се сомничи дека сексуално го злоставувал девојчето подолг периодот, така што ја допирал и и велел со никого да не разговара за тоа.

Случајот го пријавило основното училиште во кое оди девојчето, по што Сузиќ итно бил приведен.

Сузиќ работи како редовен професор на Филозофскиот факултет во Бања Лука, на предметот Општа педагогија и методика на воспитно-образовниот процес.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток