Македонија

Уапсени навивачи на Полска на Плоштад „Македонија“ (ВИДЕО)

Попладнево на Плоштад „Македонија“ се случил инцидент во кој морала да интервенира и полицијата.

Имено, во инцидентот учестувале полски навивачи кои се степале меѓу себе, при што имало неколку повредени.

Навивачите на Полска пристигнаа во Скопје за утрешниот натпревар во кој нашата селекција ќе ги одмери силите со Полска во рамките на квалификациите за ЕП.

Инаку, полските навивачи важат за едни од најпроблематичните навивачи во Европа. Најавени се околу 2.000 кои ќе пристигнат во Скопје, а видливо е и зголемено полициско присуство.

фото Фокус

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток