На покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
„На средбата предвидено е да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес“ информираат од МНР.
Двајцата министри ќе присуствуваат и на свечен настан по повод отворање на новите простории на Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.