Магазин

Градоначалникот Константин Георгиески и Џеди Осман си ги одмерија силите

Деновиве  охриѓанец Џеди Осман, Кошаркар на Кливленд,а  потекнува  од Охрид, престојува во родниот  град.   остане во кондиција Осман и кога одмара тренира. Кондицијата деновиве ја одржува во спортската сала Билјанини Извори. Токму таму си вчера кошарка заиграа со градоначалникот Константин Георгиески, кој е страствен вљубеник во спортот.

Инаку Осман, е еден од многуте со кои охриѓани се гордеат. Тој често знае да каже дека до врвот во кошарката наречен НБА, не се стигнува со врски и со легачење по плажи, туку со напорни тренинзи и преку цел летен распуст и тоа со постарите.

Осман е едно момче кое за жал луѓето од македонската кошаркарска репрезентација не го забелажаа и дозволија и тој како и многугумина  да ни избега во странство.  Наместо ние, сега со Осман се гордее Кливленд.

Џеди Осман (22), по татко Турчин, по мајка Босанец живеел до 4 години во Охрид спроти пазарот, а потоа со семејството се преселил во Сараево и почнал да тренира во КК Босна, од каде на 12 години заминува во Ефес.

Инаку Осман сеуште е амбасадор на нашата земја. Тој  на Ол-стар мечот  кој се одигра на 15 февруари годинава се појави со специјално дизајнирани патики, на едната ќе го имаше знамето на Македонија а на другата знамето на Турција.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток