Македонија

Кратка историја по идеализам: Има Крсто и Крсто!

Режисерот Јани Бојаџи го честита вчерашниот празник со паралела меѓу некогашните членови на организацијата и сегашните членови на партијата ВМРО.
Не случајно Бојаџи прави паралела меѓу Крсто Арсенов и неговиот имењак Крсто (Мукоски).
„По повод денот, еве една кратка историја по идеализам, посветеност и чесност! Војводата на ТМРО Крсто Асенов, инаку бугарин по род, после завршувањето на аферата Мис Стон, му се паднала тешката задача парите земени од откупот сам да треба на мазга да ги пренесе од Македонија во Бугарија, поточно во Софија. Да не забораваме, тогаш тоа била најобезбедуваната граница на Отоманската империја. И така, војводата Крсто Асенов, само тој знаел како, жив и здрав, со се парите во денешна вредност од околу 1 милион долари, по една недела стасал во Софија и ги разделил според списокот што му бил даден од организацијата. Откако завршил се, вечерта отишол кај сестра му да преспие. Сабајлето, станал рано, земал од зетот 10 лева на заем, си купил билет за воз и си отишол дома! И покрај тоа што кај себе си со денови имал купишта турски и американски златници, не посегнал по ниту еден! Ете, тоа е! Што знаеме ние денес за него? Ништо. Каде му е споменикот? Никаде. А тој човек и неговото дело треба да се изучуваат во детските градинки како пример за морал и етика! Значи, да резимираме: има Крсто и Крсто! За многу години празникот!“

На почеток