Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 7 пратеници од партијата ја свиткаа кичмата

„7 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ силно потпомогнати од структури кои се ставија на располагање на власта, следејќи го својот личен интерес, одејќи против ставот на партијата, против членството и најважно против волјата на народот ја свиткаа кичмата и гласаа за промена на името. На Република Македонија и се случи Црн Петок. Сите бевме сведоци на предаството кое овие пратеници и го направија на својата татковина. Да издржеа и да беа доследни во она што со месеци и го говореа на јавноста еднаш засекогаш ќе ја ослободевме државата од коалицијата на Заев и Шекеринска, и Вице и Анѓушев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ било и секогаш ќе биде најверниот сојузник на народот. ВМРО-ДПМНЕ без народот не може.

„Време е за подршка и обединување на сите оние кои си ја сакаат својата татковина. Време е да се окрупниме, силите да се збијат, заеднички, силно за на тој начин да се издвојува победата врз сите оние кои не и мислат добро на Македонија. Република Македонија ќе се европеизира. Република Македонија ќе го добие заслуженото место рамо до рамо со модерните европски држави со зачувано достоинство“, стои во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток