Македонија

Богоевски претпладнево до собраниските служби ја достави оставката

Пратеникот Павле Богоевски претпладнево до собраниските служби ја достави оставката, која ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на пратеникот и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.

Богоевски оставката ја најави по компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата , но и дел од јавноста го обвинија дека го крши етичкиот кодекс и е недостоен за вршење на пратеничката функција.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток