Собранието денеска во рамки на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија, како и на пратеникот Павле Богоевски.
По ова треба да заседава Државната изборна комисија која треба да ги предложи следните два кандидати кои ќе ги наследат Груевски и Богоевски.На нивните места доаѓаат Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски од СДСМ.