Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид поради објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по загрозување на сигурност.
По насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, во понеделникот М.К. е повикан во полициска станица, каде што појаснил дека објавата ја направил од својот мобилен телефон, кој е одземен за понатамошно вештачење.
„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани што се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]“, велат од МВР.