На вонреден состанок на ДУИ, претседателот на партијата Али Ахмети, одлучил да ги разреши сите претседатели на партиските ограноци и подограноци, јавува Алсат.
Според партиската одлука, ниеден од разрешените претседатели нема право повторно да се кандидира на истата позиција.
На местото на разрешените претседатели се назначени координатори за секој огранок до изборот на новите претседатели.
извор alsat-m.tv