Македонија

Кај лице од Гостивар пронајден хероин

На 11.06.2019 година околу 16.25 часот на улица „Никола Парапунов“ во
Гостивар полициски службеници од Надворешна канцеларија за
криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Џ.А.(37) од село
Форино, гостиварско. При преглед кај него бил пронајден и одземен
хероин. По целосното документирање на случајот против Џ.А. ќе биде
поднесен соодветен поднесок.

На почеток