Поднесена е кривична пријава против три лица од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Тројцата пред угостителски објект на улицата Црвена скопска општина во Скопје физички нападнале двајца полициски службеници кои преземале мерки по пријава за нарушување на јавниот ред и мир со пуштање гласна музика.