Кога времињата се тешки, мора во нешто да верувате. Така народот во Удупи, град во Индија, верува дека најдобриот начин да се изборат со сушата е да одржат венчална церемонија на две жаби.
Граѓаните од Удупи, на 8-ми јуни организирале хинду венчавка на две жаби, која традиционално ја нарекуваат „Mandooka Parinaya“, односно венчавка на жаби. Учесниците на оваа церемонија веруваат дека така ќе се смират боговите на дождот и дека на тој начин ќе се спасат од сушата.
In a bid to get rains, Udupi Citizens' Forum arranged for a wedding of two frogs (Mandooka Parinaya) on Saturday. As per the ritual, a male (named Varuna) and a female frog (named Varsha) were caught from two villages and were married off @BangaloreMirror pic.twitter.com/wuTlkZ304l
— Sridhar Vivan, Bangalore Mirror (@sridharvMIRROR) June 8, 2019
Жабите ги фатиле во едно село и ги нарекле Варун (бог на водата) и Варша (што значи дожд).
На жабите им е сошиена традиционална облека, а ги испратиле и на меден месец во едно село во близина на споменатиот град.
Иако оваа церемонија е доста необична, прилично е честа појава во Индија.
извор tocka.mk