Капетанката на брод, 35-годишната Пиа Клемп, спасила повеќе од 1.000 мигранти на Медитеранот, но наводно соработувала со шверцерите при пренесувањето на мигранти во Италија.
Таа е под истрага од 2017-та година, кога нејзиниот брод бил запленет. И се закануваат и до 20 години затвор.
Оние кои даваат поддршка на оваа храбра жена од Бон, ја возвишуваат како хуманитарец кој е лично одговорен за спасувачки мисии.
Сепак, италијанските власти нејзината хуманитарна работа ја нарекуваат со друго име. Ја сметаат за шверцер.
На фотографиите кои биле направени тајно, се гледа како, наводно, трговците со луѓе “ги испраќаат” бродовите во кои се наоѓаат оние кои бараат прибежиште, пред да бидат префрлени на помошни бродови.
Клемп инсистирала на тоа дека сите фотографии биле направени на Малта, а не во Либија.
Таа е подготвена да се бори и тврди дека, ако има потреба, ќе оди дури и до Европскиот суд за човекови права.
Има поддршка од 80.000 луѓе кои ја потпишале петицијата против ова обвинение.
Лицето кое ја започнало оваа петиција вели дека обвинението на Клемп значи “безусловно предавство за хуманоста во Европа”.
Клемп жали што парите кои ги троши на одбрана, а кои ги собрала од донации, може подобро да се употребат – за спасувачки мисии.
Меѓутоа, италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, одбил да го прифати влезот на мигранти во земјата и ги враќал спасувачките бродови.
Зборувал дека мигрантите ќе ја видат Италија само на разгледница или низ телескоп.
извор tocka.mk