Српските цариници при претрес кај возач на камион на граничниот премин Ватин откриле 25 000 евра кои тој сакал нелегално да ги пренесе во неговиот чорап. Тој им рекол дека нема ништо да пријави и дека со него носи 8 000 евра.
Прекршокот бил сторен вчера, околу 21 часот, кога на контролниот пункт пристигнал камион со регистрација на Нови Пазар, зад чиј волан се наоѓал 61-годишен српски државјанин од Краљево, кој се упатил кон Романија за товарење стока.
Во џеб од пантолоните, кои ги носел, биле пронајдени 10.000 евра, износ дозволен за поминување преку границата без пријавување, но во левиот чорап ставил кеса со 25.000 евра, кои немал намера да ги пријави.