Полицијата од градот Хејуан соопшти дека во утринските часови се срушил дел од сообраќајницата на мостот со должина од 120 метри. Спасувачките служби спасиле 44-годишен маж, а две лица се водат како исчезнати.
На снимките направени од безбедносните камери може да се види како со голема брзина се руши мостот на реката Донгџијанг во провинцијата Гуангдонг. Како што пренесуваат кинеските медиуми, денес веднаш била отворена истрага која треба да ги открие причините кои довеле до несреќата.
At least two vehicles fell into a river after part of a bridge collapsed in Heyuan, S China's Guangdong on Fri. One person was rescued and rescue work continues. The city is among the areas worst hit by floods in Guangdong after persistent heavy rains. pic.twitter.com/ZrMiIDePzA
— People's Daily, China (@PDChina) June 14, 2019