Во гостувањето во Отвореното Студио 1 на 1ТВ, поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Петар Богојески даде осврт и анализа на немањето желба на Мицкоски да спроведе суштински реформи во партијата и неговото учество во претставата наречена „Бојкот“ на референдумот која ја урна правната држава и на кратко ги загрози нејзините евроатлански перспективи.
„Доколку успеале да ве убедат во сказната за деца за катарзата и реформирањето на ВМРО-ДПМНЕ тогаш ми е јасно зошто Никола Груевски толку лесно и толку долго владееше во Република Македонија“ – истакна Богојевски, барајќи аналитичност од медиумите при преност на информациите.
Тој истакна дека Мицкоски стана претседател на партијата поради поддршката на Мијалков, но дека за пензионирање на Груевски биле спремни да прифатат чудо од лидери.