Новата законска обврска на Британската регулаторна агенција стапи на сила денеска , па со неа не смее да се рекламираат родови стереотипи како на пример дека жените не знаат да паркираат , мажи кои пијат пиво додека жените чистат по дома и слично.
Оваа регулатива била најавена уште во декември минатата година , така што рекламните агенции имале доволно време да се подготват.
Сепак , ќе бидат дозволени реклами каде мажите и жените нешто работат , како жена која купува и маж кој поправа нешто дома. Дозволени се и здрави , привлечни и успешни луѓе , како и рекламирање на таков стил на живот.
Британскиот регулатор ќе дозволи да се емитуваат и реклами во кои се критикуваат родовите стереотипи.
извор kanal5.com.mk