Магазин

Наташа Беквалац доживеа сообраќајна незгода

Наташа Беквалац доживеа сообраќајна незгода на излезот од Нови Сад. Во возилото во тој момент, покрај пејачката се наоѓале и бебето Катја и дадилката.

Беквалац тргнала на пат за Белград, кога во нејзиниот автомобил удрило друго возило. За среќа ударот не бил толку силен за да дојде до потешки повреди.

„Да имаше судар. Наташа се упати од Нови Сад кон Белград, за да ја однесе малата Катја во Центарот за социјални работи. Таа остана на лице место на незгодата, за да биде извршен целосен увид, но најважно од се е дека Катја, дадилката и таа се добро и дека немаат никакви повреди“, соопштија од нејзиниот пијар тим.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток