вто. Ное 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Грција поразена од Македонија, нашата репрезентација на првото место ги заврши квалификациите

Македонските ракометари со победа над Грција ги завршија квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи следната година. Во натпреварот од последно 6.коло на третата група, одигран во Струмица, репрезентацијата на Македонија ја победи Грција со 27-23.

Нашите ракометари имаа лош старт на натпреварот, па јужниот сосед водеше со два гола во почетните минути, а во еден момент стигнаа и до +3. Сепак, првото израмнување стигна во финишот кога Македонија израмни на 9-9, а потоа направи и пресврт, па на полувреме амина со предност од 13-11.

Во вториот дел Македонија рутински ја одржуваше предноста и на крајот запишавме победа од четири гола разлика.

Капитенот Кирил Лазаров, како и Филип Талески и Жарко Пешевски постигнаа по пет гола за нашата репрезентација, во која одличен настап имаше и голманот Митревски со 13 одбрани.

Со оваа победа Македонија со 9 бодови го осигура првото место во групата три, пред Исланд со 8, кој пак попладнево беше подобар од Турција со 32-22.

Освојувањето на првата позиција ќе и донесе на нашата селекција подобра позиција пред ждрепката закажана за 28 јуни во Виена

 

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close