Свет

Внимавајте ако летувате во Грција, напаѓаат опасни комарци

Британските како и американските медиуми објавија статии преку кои ги предупредуваат своите државјани кои летуваат во Грција дека треба да внимаваат на комарците. Тие пишуваат дека во Грција се пренесува смртоносниот вирус  Западен Нил.

Здравствените установи во Грција признаваат дека ова е закана за јавното здравје и дека повеќе од 300 луѓе се инфицирани минатата година.

Симптомите се слични на грип, па се јавува изнемоштеност, болки во телото, осип итн. За него не постои вакцина и поминува сам од себе, но може да биде и смртоносен и да предизвика менингитис, напади, оштетување на нервите и сериозна слабост кај некои луѓе.

Околу 50 Грци починале минатата година од болеста, а биле инфицирани рекордни 316 лица.

Болеста не се пренесува од човек на човек, туку само преку комарци.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top