Свет

Внимавајте каде паркирате во Грција – на сила е новиот закон, може да платите казна, но и да останете без таблички

Според новиот закон изгласан минатата година за некои сообраќајни прекршоци полицијата во Грција може да ви ги одземе и документите и да ви ги одземе табличките на возилото.

Во Грција во последниве години полицијата ги симнува регистерските таблички од  автомобилите што се погрешно паркирани. Тоа важи и за Грците и за странските државјани и туристи.Ова вообичаено се случува во Солун, на Тасос, Халкидики, но и на островите. Казната за непрописно паркирање во Грција изнесува од 40 до 80 евра, но повеќе не постои можност да се плати половина од казната ако тоа се направи веднаш на лице место.

За странските државјани казната е симнување на регистерските таблички кои потоа се враќаат штом се плати казната. Грците, пак, може да останат без таблички и до три месеци, плус да ја платат казната.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top