Свет

Русија им порача на САД: Ја доведувате ситуацијата на раб на војна

Иран денес ги предупреди Соединетите Американски Држави дека ќе се брани од еветуален напад, а Русија го обвини Вашингтон дека ја доведува ситуацијата на раб на војна, откако светските агенции објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп прво одобрил напад врз ирански цели, а потоа во последен момент ја повлекол одлуката.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денес побара од сите страни да покажат воздржаност и кажа дека Москва е загрижена поради тензиите меѓу Вашингтон и Техеран.

Пред тоа заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков го повика Вашингтон да ги оцени последиците на конфликт со Иран и кажа дека извештајот на Њујорк тајмс покажува дека состојбата е исклучително опасна.

Во знак на претпазливост Американската сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА) вчера издаде итен налог со кој им се забранува на американските компании да летаат над делови на Иран поради засилените тензии во тој регион. По одлуката на ФАА слични одлуку донесоа повеќе други воздухопловни компании, како холандска КЛМ, австралиски Квантас, германска Луфтханза и британската компанија Бритиш ервејз.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top