Магазин

Принцот Чарлс се сретна со Џејмс Бонд

Британскиот принц Чарлс (70) се сретнал со актерот Даниел Крег кој по петти пат го глуми тајниот агент Џејмс Бонд за време на снимањето на новиот филм во познатото студио „Пајнвуд“ во близина на Лондон, каде што се снима претстојниот филм за Џејмс Бонд, пренесува Си-ен-ен.

Крег му ја покажал на принцот М-канцеларијата, а Чарлс гледал и како се снима една сцена на монитор. „007“ му ги покажал на принцот и двата познати автомобили на Бонд, Астон Мартин.

Посетата на принцот Чарлс не беше прва средба на Крејг со припадник на британското кралско семејство. Тој се сретна со кралицата Елизабета во 2012 година на Летните олимписки игри во Лондон.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток