Македонија

Физички пресметки во Струшко, Берово, Арачиново, Скопје…

На 22.06.2019 година во 23,40 часот било пријавено дека во с.Радожда-струшко во угостителски објект А.Х.(33) од сЛабуништа бил физички нападнат од И.А. од с.Лабуништа. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 22.06.2019 година во 03,30 часот било пријавено дека во Берово на улицата “Партизанска“ пред угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од Ј.К.(19) од с.Русиново и И.Ц.(21) од с.Робово. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 22.06.2019 во 22,00 часот било пријавено дека во с.Арачиново-скопско М.Ш.(20) од с.Арачиново бил физички нападнат од две малолетни лица. Малолетниците се обезбедени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. .

 

На 23.06.2019 година во 03.20 часот во СВР Скопје А.О.(19) од Скопје, таксист, пријавил дека на булеварот “Кузман Јосифовски Питу“ бил физички нападнат од едно од трите лица кои ги превезувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.06.2019 година во 05.40 часот во СВР Скопје З.А.(31) од Скопје, пријавил дека на улицата “Битпазарска“ во угостителски објект, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток