Македонија

Атанасов: Капацитетите на министерството не се доволни за поголеми интервенции

Во образованието владата прави малку, или недоволно. Оттука мојата желбата да го водам овој ресор, со целосна одговорност, вели во интервју за „Мета“доскорешниот заменик-министер за образование, Петар Атанасов. Но, тој во интервјуто појаснува зошто си поднесе оставка.

-Изминатите шест години го следам образованието интензивно на сите нивоа. Бев неколку години претседател на Комисијата за образование на СДСМ. Со мојот тим во партијата создадовме амбициозна изборна програма и очекувавме дека ние ќе ги спроведуваме реформите. За жал, партијата, или врвот на партијата, Министерството за образование пред две години го даде да го раководи друг кадар. Конечно, во септември 2018 ја добив позицијата заменик министер, но не ми беше овозможено да ангажирам дел од моите луѓе. И покрај тоа, моето работење во МОН беше со голема динамика и со големи очекувања, но во овие 10 месеци изостана поддршката од кабинетот на министерот. Иако премиерот се обиде да ги поправи работите, ништо значајно не се промени. Начинот на кој МОН беше навикнал да ги врши работите е како да нашиот образовен систем е во одлична форма и само се потребни редовни мали измени. Но нашиот образовен систем е девастиран, поради повеќе и различни причини. Токму затоа се потребни храбри и големи чекори за да се поместат работите од сегашната летаргична позиција. Исто така, кога влегов во МОН со себе донесов многу анализи и искуства, како и неколкугодишна активна дебата со сите чинители во образованието. Но ова искуство не беше употребено, бидејќи промените што МОН се обидуваше да ги направи се базираа само на анализата на ОЕЦД и советите на УНИЦЕФ. Но, тоа не е доволно бидејќи капацитетите на институцијата се недоволни за поголеми интервенции, вели Атанасов.

 

 

 

 

 

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток