Македонија

Заев: Ќе има покачување на минималната плата

Претседателот на Владата, Зоран Заев денес во Собранието најави ново покачување на минималната плата и раст и на другите плати.

„Просечните плати во нашата земја, на ниво на приватен сектор растат и продолжуваат да растат. 6.6 проценти се зголемени и ќе бидат дополнително зголемени заради тоа што работиме како Влада, со комплетен фокус за пораст на платите. Ќе се покачи уште еднаш минималната плата, којашто секако ја отвора спиралата на покачување на платите и тие ќе растат“, изјави Заев.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток