Во последната сезона на Лигата на шампионите во актуелниот формат, европскиот првак Вардар титулата ќе ја брани во групата Б каде на денешната ждрепка во Виена за противници ги доби екипите на Веспрем и Келце, како и Мешков Брест, Мотор Запорожје, Монпеље, Порто и Кил.
Најдобриот тим од групата ќе се пласира директно во четвртфиналето на најпрестижното ракометно натпреварување, додека екипите од второто до шестото место ќе играат осминафинале со останатите екипи од групите.
