Скопје

Поради „Парада на гордоста“ и „Сведоштво за семејство“, измени во сообраќајниот режим – еве каде ќе се движат

Утре(29.06.-сабота) со почеток во 12.00 часот ќе се одржи марш „Парада на гордоста“. Маршот ќе започне од паркот „Жена борец“ на ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, по булевар „ВМРО“ и по булевар „Илинден“ до „Школка“ во Градски Парк.

Исто така, во исто време, ќе се одржи марш „Сведоштво за семејство“. Маршот ќе започне од црквата „Св.Богородица’’ на ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, ул.„Димитрие Чуповски“, ул.„Васил Главинов“, булевар „Партизански Одреди“ до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

Поради одржување на овие два настани, сообраќајот ќе биде пренасочен по булевар „Кочо Рацин, ул.„Кирил и Методиј“ ,булевар „Св.Климент Охридски“ и другите околни улици.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток