Свет

Саудијците признаа: Убиството на новинарот било планирано

Си-ен-ен се повика на веста објавена од Саудиската новинска агенција, а во која, меѓу другото, се наведува дека до нови информации дошле благодарение на турските истражители.

„Осомничените за убиството на новинарот Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на почетокот на октомври постапиле со предумисла“, рече денес саудискиот главен државен обвинител.

Изјавата на државниот обвинител во Ријад се противречи на претходните тврдења на саудиските официјални лица за тоа дека новинарот, кој пишувал за американскиот весник Вашингтон Пост и го критикувал режимот на својата татковина, бил убиен во борба.

„Информацијата добиена од турската страна вели дека осомничените во случајот Кашоги делото го извршиле со предумисла“, соопшти државниот правобранител Сауди бин Абдула, а пренесе саудиската државна новинска агенција СПА.

„Државниот правобранител ја продолжува истрагата против обвинетите во светло на добиените информации и резултати од истрагата“, се наведува.

Саудиска Арабија во саботата, по две недели негирање на каква било вмешаност во исчезнувањето на новинарот, призна дека бил убиен во конзулатот.

Министерството за надворешни работи на оваа нафтена монархија после опиша дека смртта настапила како последица на активностите на одметнатите оперативците кои ги пречекориле овластувањата.

Во средата и престолонаследникот Мохамед бин Салман го осуди убиството како „гнасно и многу болно злосторство“ и вети дека судот ќе ги казни виновниците.

Убиството ги отежна односите на западните земји со богатата монархија, најголемата извозничка на нафта во светот, голем купувач на оружје од запад.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток