Скопје

Пане Антовски: Денеска е приведен Дејан Митевски претседателот на ОК Аеродром, целата е да се заплаши опозицијата во Аеродром

На денешната седница на дневен ред меѓу другите точки се и точките за зголемување на плата на вработените во градинките, значи на вработените воспитувачи и негователки. Ова точка ние максимално ја поддржуваме и како советничка група ја поздравуваме, меѓутоа одговорноста за носење на тие одлуки е сепак на власта, истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром.

Ние како советничка група денеска имаме морална одговорност да ја напуштиме работата на оваа седница бидејќи денеска власта со нејзините познати методи за прикривање на својата неспособност за реализирање на програмата што ја вети пред изборите премина кон нејзините стандардни методи за заплашување на опозицијата. Денеска е приведен Дејан Митевски претседателот на Општински комитет на Аеродром. Целата е многу јасна, а пораката е да се заплаши опозицијата во Аеродром како и претходните случаи со приведување.

Ние како советничка група во знак на поддршка ќе ја напуштиме оваа седница и нема да учествуваме во работата на Советот , истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток