Некатегоризирани

Земјотресот на Закинтос ги оштети пристаништето и манастирот од 15 век

Земјострес со јачина од 6,4 степени утрината го погоди грчкиот остров Закинтос. Грчките медиуми јавуваат дека се оштетени пристаништето и манастирот од 15 век.

Потресот се почувствувал и во Малта, Италија, Албанија, Либија, но и во Македонија.

Грчкиот Завод за геодинамика соопшти дека земјотресот се случил во област 50 километри околу Закинтос, во 1 часот и 54 минути по локално грчко време.

Потоа, во текот на ноќта се случиле серија помали потреси.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток