Македонија

Нови 12 часа во судница за обвинетите за 27 април

Нова 12 часовна судска тортура се алучила на вчерашното судење за настаните од 27 април. По којзнае кој пат судењето повторно траело предолго иако предходно независни набљудувачи предупредија дека со тоа се кршат правата на обвинетите и случајот поради тортура може да падне во Стразбур.

Во Кривичниот суд во Скопје со прикажување видео снимки од безбедносните камери продолжи судењето за случувањата во Парламентот на 27 април минатата година.

Едната снимка од безбедносната камера од пред кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски се гледаше до околу 17 часот, а потоа беше пуштена и другата снимка од балкон-салата во Собранието.

На првата снимка се гледа движење на обезбедувањето на Вељановски, како и на обвинетите Горан Ѓошевски, Елена Божиновска и Иван Цветковски, кои ја упатуваат толпата луѓе низ ходникот што води кон прес-салата во Собранието.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток