Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: двајца затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 54 мандатни платни налози и 68 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 10 сообраќајни незгоди во кои четири лица се здобиле со телесни повреди.