Македонија

Формирана комисијата за помилување на Претседателот, еве кои се членовите..

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за помилување, работно тело на Претседателот на Република Северна Македонија, на која присуствуваше претседателот Стево Пендаровски.

Членови на комисијата се:

– Сабит Кранли, поранешен судија во Врховниот суд – претседател на Комисијата,

– Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија,

– Фехми Стафа, државен правобранител на Република Северна Македонија,

– Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатска комора на Република Северна Македонија,

– Темелко Ристевски, универзитетски професор,

– Сафет Алиу, поранешен судија во Врховниот суд,

– Божин Аврамовски, судија во пензија,

– Ерол Рушид, лекар,

– Зора Митиќ, лекар,

– Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права, и

– Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми.

Претседателот Пендаровски, посакувајќи успешна работа на комисијата, рече дека при изборот на членовите на комисијата се водел од нивните исклучителни биографии и нивното богато професионално искуство.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток