Македонија

Авионот во кој е градоначалникот на Охрид не можел да слета во Скопје, па се вратил во Истанбул

Авионот од Истанбул кој вечерва требаше да слета на аеродромот во Скопје се вратил назад во Турција заради немање услови да слета на скопскиуот аеродром, дознава Скопје1.мк.

Авионот направил неколку обиди да слета но од безбедностни причини било оценато дека слетувањето неможе да се изведе. Не е јасно зошто авионот не слетал на аеродромот во Охрид. Во авионот била и дел од делегацијата од Македонија која учествуваше на самиотот на УНЕСКО во Баку, заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски и други членови на делегацијата.

Дополнување: Еден од членовите на делегацијата Андреј Жерновски пред два дена се вратил во Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток