Скопје

Општина Центар ја отстрани дивоградбата на скопското Кале

Овластен градежен инспектор, со техничка механизација, вчера ја отстрани дивоградбата која незаконски се издигна во близина на скопската тврдина Кале.

„Импровизираното градилиште претходно, на 18-ти септември, беше затворено од страна на општината, а на инвеститорот му беше наложено во јасно одреден законски период да ја отстрани дивоградбата. Откако инвеститорот не постапи по решението и продолжи со изградба, Секторот за инспекциски работи на општина Центар пристапи кон отстранување на истата.

Инвеститорот гради градба без поседување ниедна дозвола и одобрение за градење издадено од општината, а воедно дел од градбата се наоѓа и во со закон строго заштитена зона за градби, односно тврдината Кале“, велат од општината.

Општина Центар апелира до граѓаните да ги почитуваат законите и правилата за градба, како и да се придржуваат кон законските процедури за изградба на објекти.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток