Свет

Бројот на жртви во синагогата во Питсбург се искачи на 11

Бројот на жртви во вооружениот инцидент што се случи во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург се искачи на 11, а над десет лица се повредени, од кои шестмина полицајци.

Напаѓачот Роберт Бауерс (46) вчера влезе во синагогата и почна да пука и да вика „Сите Евреи мора да умрат“. Во синагогата за време на нападот имаше околу сто луѓе.

Бауерс по пукањето се предаде на полицијата и е во притвор.

Американскиот јавен обвинител Џеф Сешенс најави дека Министерството за правда ќе подигне обвинение против Бауерс за злосторство од омраза и други злосторства кои би можеле да доведат до смртна казна.

– Омразата и насилството на верска основа немаат место во нашето општество, истакна Сешенс.

Тој додаде дека таквите злосторства се за осуда и се во спротивност со вредностите на американската нација.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток